Поврзете се со нас

Македонија

Дванаесетта победа за „црвено-црните“: Вардар без проблеми со Мулти Есенс

Објавено

на

Фото: Денис Дуковски / РК Вардар1961

Составот на Вардар 1961 славеше над Мулти Есенс со 40:23 во дуелот од 13. коло од групата Б во Суперлигата.

Поранешниот македонски шампион доминираше на соочувањето во СЦ „Јане Сандански“ каде сите дилеми околу победникот ги реши уште по првите 30 минути. Избраниците на Недановски заминаа на пауза со предност од 20-11, па во второто полувреме само мирно ја заокружија партијата која им го донесе 12. славје на 13. сезонски натпревар.

Лазаревски со 7 и Јагуриновски со 6 гола беа најефикасни кај „црвено-црните“ за кои Томовски и Гогов забележаа 15 одбрани.

На спротивната страна најефикасен беше Карасманакис со осум гола.

Вардар во наредното коло игра со Голден Арт, додека дебитантот во најсилното домашно натпреварување ќе ги одмери силите со Вардар Неготино.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни