Поврзете се со нас

Формула 1

Двајца возачи ќе менуваат мотор пред трката во Монца

Објавено

на

Трката за Големата награда на Италија традиционално се вози на патеката Монца, која е лоцирана 20 километри североисточно од Милано, а која низ историјата го стекнала прекарот „храм на брзината“.

Тоа се должи на високите крајни брзини кои се постигнауваат на оваа патека, како и на големата просечна брзина во еден круг, поради што улогата на моторот во болидот отсекогаш била голема кога е во прашање оваа патека.

Двајца пилоти од два различни тима, кои имаат на располагање два различни мотори ќе го започнат овој гран при викенд со нов агрегат, но секој од нив има различна причина.

Луис Хамилтон ќе користи нов мотор, кој е четврт за него оваа сезона, поради што ќе добие казна на стартот заради пречекорување на пропишаниот лимит. Мерцедес објави дека причината за ова е контактот со Алонсо на стартот од трката во Белгија, бидејќи се проценува дека моторот претрпел стрес изразен како 45G (гравитациска сила). Агрегатот бил испитан во фабриката во Бриксворт и инженерите донеле одлука за промена. За потсетување, Хамилтон на трката во Зандворт беше во конкуренција за место на подиумот, но поради одлуката да не менува гуми имаше забелешки до тимот дека бил „изневерен“.

Алфа Ромео потврди дека Валтери Ботас ќе добие нов мотор од Ферари за трката во Монца, поради што и тој ќе биде пенализиран за надминување на лимитот. За него ова ќе биде трета казна оваа сезона, откако претходно имаше технички проблеми во Австрија и Белгија, каде што исто така стартуваше од „опашката“ на колоната.

Се очекува дека и други возачи можат да направат ваков чекор од стратешки причини, бидејќи оваа патека им нуди поголеми шанси за престигнување и враќање во висок пласман, отколку следните две рунди во Сингапур и Јапонија. Меѓу шпекулираните имиња е и она на Серхио Перез, кој поради дефекти веќе го има искористено лимитот, па се знае дека ќе има потреба од нов агрегат до крајот на сезоната, но одлуката на Ред Бул може да биде поинаква.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни