Двајца вардарци се најдоа во ол-стар тимот во изборот на тренерите во ЛШ

slavje vardar vs pick szeged 2019

Двајца играчи на европскиот шампион Вардар се најдоа во ол-стар тимот кој го избраа тренерите во Лигата на шампионите.

Имено ЕХФ им даде задача на предводниците на екипите во елитното натпреварување да номинираат по еден играч на секоја позиција, плус да го именуваат и нивниот најдобар колега. Во таквиот избор најголем број на гласови на соодветните позиции добија вардарците Тимур Дибиров (лево крило) и Даинис Криштопанс (десен бек), а покрај нив во идеалниос состав се Микел Хансен (ПСЖ), Лука Циндриќ (Барселона), Лудовик Фабрегас (Барселона), Блаж Јанц (Кјелце) и голманот на Кил, Никлас Ландин.

За тренер на тимот е избран Талант Душебајев од полски Кјелце.

Да потсетиме Вардар новата сезона ќе ја започне со гостување во Франција и меч со Монпелје.

Facebook Коментари