Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Двајца ракометари на Загреб се степале по поразот од Нант во ЛШ

Објавено

на

Ракометниот клуб Загреб денеска информираше дека суспендирал двајца свои играчи, а причина е нивната меѓусебна физичка пресметка по вчерашниот натпревар во Лигата на шампионите.

Се работи за Милош Кос и Звонимир Срна, а во соопштението на клубот се наведува дека иницијатор на тепачката бил Кос и тоа по поразот од Нант на домашен терен.

– Привремената суспензија останува во сила до завршување на постапката што ќе ја води Дисциплинската комисија на Ракометниот клуб Загреб.

– Клубот нема да толерира никакво непрофесионално однесување и целосно ќе соработува со Дисциплинската комисија, а и  навремено ќе ја информира јавноста со повеќе информации кога ќе се утврдат сите факти, стои во соопштението на хрватскиот клуб.

Срна е хрватски репрезентативец, додека Кос настапува за репрезентацијата на Србија.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни