Поврзете се со нас

Шпанија

Двајца потенцијални наследници на Чави се огласија за можноста да ја преземат Барселона

Објавено

на

foto:twitter.com/FabrizioRomano

Барселона доживеа неочекуван пораз од Вилјареал во лудиот меч што се одигра на „Монжуик“, средба по која разочараниот Чави Ернандес објави дека си заминува од тренерската позиција по крајот на актуелнава сезона.

Оваа вест беше сосема неочекувана, меѓутоа Чави порача дека одлуката е конечна и ништо истата не може да ја промени, па дури и евентуална титула во Лигата на шампионите.

На медиумите не им требаше многу време и веќе се почна со лицитација со многу имиња, но двајца од нив веќе дадоа одредени изјави како што се Рафа Маркез и Тиаго Мота, двајца поранешни играчи на Барселона.

-Кој не би бил среќен, нели? Но, најважно е да продолжам да се подготвувам бидејќи ова ми е втора сезона како тренер овде. Да се подготвам во случај да дојде тој момент. Не можете да кажете не на ваква можност. Ако дојде, ќе се обидам да бидам достапен и ќе се обидам да дадам се од себе, -порача Маркез кој ја предводи втората екипа на шпанскиот великан.

-Тоа е тажно, тој заврши одлична работа и ја освои титулата минатата сезона. Видов како Јирген Клоп објави дека го напушта Ливерпул. Тренерската работа е многу тешка, но таа е онаа што ја избравме. Кога ќе има вести за известување, ќе ви кажам, но денес нема, -истакна пак Мота.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни