Поврзете се со нас

Италија

Двајца поранешни и еден актуелен играч на Јувентус го „лајкнаа“ отказот на Сари

Објавено

на

Јувентус денеска официјално потврди дека Маурицио Сари ја завршува тренерската авантура во Торино по само една сезона.

Откако, составот од „Алијанц“ освои само еден трофеј и доживеа рана елиминација во Лигата на шампионите, Сари не ја доби довербата на раководството да остане на функцијата.

Јувентус ја сподели информацијата на социјалните мрежи, а внимание предизвика потегот на неколку фудбалски имиња кои имаа лошо искуство со Сари, но и еден актуелен играч на Јувентус.

Информацијата за отказот на тренерот ја „лајкнале“ Емре Џан и Марио Манџукиќ кои мораа да си заминат од клубот по пристигнувањето на Сари, но исто така тоа го направил и Даглас Коста, чиј потег малку ги изненади фановите.

Очигледно Коста не е голем фан на Сари, а една од работите за кои искусниот стручњак е критикуван е дека не успеал да се наметне кај фудбалерите, односно да создаде конекција во соблекувалната со која полесно ќе ги реализира своите фудбалски идеи.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни