НБА
Двајца НБА играчи беа дел од три размени во период од неколку дена

Периодот за размени во НБА лигата заврши со неколку интересни потези на дел од клубовите, а ќе остане запаметен по шокантната размена на Далас и Л.А Лејкерс, но и разделбата на Џими Батлер и Мајами.
Уште еден интересен детаљ од овој „преоден рок“ беше патешествието на искусниот Пи-Џеј Такер и неговиот помлад колега Денис Шрудер, кои промени три тима за само неколку дена.
Најпрвин, Л.А Клиперс го испратија Такер во редовите на Јута, во размената која го вклучуваше и Мо Бамба, а во која во спротивна насока беа испратени Пети Милс, Дру Јубенкс и пик во втората рунда на драфтот во 2030 година.
Веднаш потоа, Јута го испрати Такер во Мајами, во мега-размената на три тима, која на крајот го донесе и Батлер во редовите на Голден Стејт. Пи-Џеј веќе имаше настапувано за тимот од Флорида и за момент се врати на позната територија, но излезе дека тоа е само негов теоретски камбек во составот на Хит.
Во финишот на рокот за правење размени, Такер заврши во редовите на Торонто, за пик на драфтот и Девион Мичел кој ќе настапува за Мајами наредниот период.
За да биде поинтересно, 39-годишниот кошаркар сезонава нема одиграно ниту една минута во НБА.
Од друга страна, Шрудер кој самиот се пожали дека НБА правилата за размена се „модерно ропство“, за помалку од два дена промени три трима. Голден Стејт го испрати во Мајами, Мајами во Јута, за на крајот да заврши во редовите на Детроит Пистонс.
-
Балкан19 часа
Панчев воспоставил конекции за остварување на голема цел: Хуманитарни натпревари меѓу Вардар-Звезда и Македонија-Србија
-
Италија22 часа
Наместо отказ, Јувентус побарал две работи од Мота до крајот на сезоната
-
Свет21 час
Невидена глупост во Бугарија: Минута молк за фудбалер кој испадна дека е жив! (Видео)
-
Репрезентација20 часа
Трогателна сцена од тренингот на Македонија: Обединети во тагата (Фото)
-
Свет19 часа
Хамес се смета за подобар од четири фудбалски легенди, вклучувајќи ги и Зидан и Модриќ: Во моите најдобри денови……
-
Шпанија18 часа
Непоразениот играч во тимот на Барселона: Набрзо ќе донесам одлука за мојата иднина
-
АТП19 часа
Ѓоковиќ доби тешка ждрепка и на Мастерсот во Мајами (Фото)
-
Балкан16 часа
Официјално: Вардар и Црвена Звезда ќе одиграат хуманитарен меч за трагедијата во Кочани! (Фото)