Поврзете се со нас

Свет

Двајца милијардери издвоиле пари за Покетино, Аргентинецот стана најплатен селектор во историјата на САД

Објавено

на

Foto:twitter.com/ChelseaFC

Американската Фудбалска Федерација објави важна вест за назначување на Маурисио Покетино и го именуваше за нов лидер на националниот тим, сето тоа како увертира за Светското првенство во 2026-та година на кое САД ќе биде еден од домаќините покрај Мексико и Канада.

Аргентинецот последно работеше во Челси и беше отпуштен по крајот на минатата натпреварувачка сезона, но после неколку месеци пауза, Покетино се враќа на својата омилена работа, првпат како селектор на една селекција.

Американците имаат сериозен проект за мундијалот и сакаат да се прикажат во најдобро можно светло, а доказ за тоа е и фактот што двајца милијардери одредиле буџет за новиот селектор, кој е потпомогнат од два конзорциуми.

Како што јавува „ЕСПН“, двајцата американски милијардери Кенет Грифин и Скот Гудвин учествувале во аквизицијата на аргентинскиот стручњак, кој воедно станува најплатен селектор во историјата на Америка.

Покетино поставува нови стандарди со двегодишниот договор кој го потпиша со Американците, бидејќи од истиот ќе инкасира вкупно 12 милиони долари, или 6 милиони долари по година.

Америка остана без селектор по лошиот настап на Копа Америка, а Покетино своето деби ќе го има против Панама наредниот месец.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни