Поврзете се со нас

НБА

Двајца играчи се откажаа од настап на завршниот турнир во НБА лигата

Објавено

на

НБА лигата треба да продолжи наредниот месец и тоа со турнир во Орландо, Флорида, завршен турнир на кој ќе учествуваат 22 тимови.

Меѓу нив се Вашингтон Визардс и Портланд Трејл Блејзерс кои нема да можат да сметаат на двајца играчи. Имено Давид Бертанс и Тревор Ариза одлучија да не настапуваат на завршницата, опција која им ја дава лигата.

Летонецот не сака да ризикува со оглед на повредите во кариерата, а ова лето може да се избори за богат договор со оглед на тоа што е слободен агент.

Ариза пак поради семејни причини се одлучил на ваков потег и ќе го мине тоа време со неговиот 12-годишен син. Тој подолго време води правна битка за старателство на својот син, па сега ќе има можност одредено време да мине со него и нема намера да игра во Орландо иако ќе загуби меѓу 1 и 2 милиони долари.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни