Поврзете се со нас

Репрезентација

Двајца играчи отпаднаа: Тодоров селектираше 15 патници за Перм

Објавено

на

Александар Тодоров навести дека ќе отпатува со 15 играчи во Перм иако на подготовките повика 17 кошаркари, а ова попладне стана јасно кои двајца репрезентативци отпаѓаат од конечниот список пред четирите натпревари кои следат во пет дена.

Македонскиот селектор нема да може да смета на искусниот Марко Симоновски кој заработил повреда, додека младиот Теодор Симиќ е задржан во ростерот и ќе добие шанса пред Љубомир Младеновски кој е вториот „прецртан“ од страна на Тодоров.

Треба да се напомене дека подготовките не ги одработија Ненад Димитријевиќ и Стојан Ѓуроски поради клупски обврски, па тие двајца утре ќе се приклучат пред летот за Перм, заедно со 13-те избрани од страна на селекторот по четиридневните тренинзи.

Последниот собир во Скопје е закажан за утре изутрина, по што ќе следи летот кон Перм каде ќе бркаме пласман на Европското првенство

Повикани играчи:

Дамјан Робев

Андреј Митревски

Бојан Крстевски

Дамјан Стојановски

Кристијан Николов

Андреј Магдевски

Бојан Трајковски

Теодор Симиќ

Виктор Ефремовски

Филип Бакоч

Џејкоб Вајли

Војдан Стојановски

Лука Савиќевиќ

Ненад Димитријевиќ

Стојан Ѓуроски

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни