Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Двајца играчи на Реал не сакале да шутираат пенал (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/realmadrid

Реал Мадрид излезе како победник од трилер пресметката со Манчестер Сити која беше решена по изведувањето на удари од 11 метри.

И реваншот во Англија заврши со нерешен резултат, а тоа значеше дека ќе се играат дополнителни 30 минути во кои немаше промени, па дојде на ред пенал серијата во која избраниците на Карло Анчелоти подобро се снајдоа и со 4-3 изборија пласман меѓу четирите најдобро во елитното натпреварување.

Сега „кралевите“ можат да се опуштат и да слават, но ако исходот беше поинаков тогаш многу повеќе се говореше за моментот дека двајца играчи на Реал одбиле да преземат одговорност, односно не сакале да шутираат пенали.

-Четири или пет минути пред крајот почнувате да размислувате за пенали. Јас имав петмина во мојата глава, Џуд Белингам е добар изведувач како и Лукас Васкез. Лука Модриќ изведува пенали, Начо има големо искуство и карактер, а Ридигер има мадиња. Напишав пет имиња и му ги покажавме на Карло, малку ја променивме листата и испадна одлично, -истакна Давиде Анчелоти.

Неговиот татко откри кои двајца играчи одбиле да шутираат.

-Играчите имаа голема самодоверба и многумина сакаа да шутираат. Само Едер Милитао рече дека голманот Едерсон премногу добро го познава. Валверде ми кажа дека е многу уморен. Тој требаше да биде петти изведувач, а потоа го избравме Ридигер наместо него, -истакна дон Карло.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни