Поврзете се со нас

Англија

Двајца играчи на Арсенал влегоа во жестока расправија по последниот судиски свиреж, Артета даде интересна изјава (Видео)

Објавено

на

Арсенал успеа да го победи Нотингем Форест и врза втора победа во Премиер лигата, десет дена по онаа која беше остварена над Кристал Палас на домашен терен.

„Топчиите“ постигнаа два гола и во финишот примиија еден за конечни 1:2 против Нотингем, а лошиот финиш на средбата направи двајца дефанзивци на Арсенал да влезат во вербален клинч.

Зинченко и Бен Вајт беа незадоволни од обостраните реакции и имаа што да си кажат еден на друг, па пред сите на теренот влегоа во жестока расправија по последниот судиски свиреж.

Колегите спречија да дојдат поблиску еден до друг и Микел Артета реагираше како миротворец, а потоа даде и интересна изјава за несекојдневниот инцидент.

– Уживав во тоа што го видов, навистина ми се допадна. Ја сакам страста која ја покажаа моите играчи. Не им е доволно само да победат на натпреварот, сакаат да сочуваат и чиста мрежа. Се обидуваа да ги разјаснат недоразбирањата кои ги имаа на теренот, – изјави Артета.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни