Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Двајца фанови на Ливерпул се самоубиле поради хаосот на големото финале во ЛШ

Објавено

на

Foto:instagram.com/liverpoolfc

Угледниот „Лекип“ жестоко ја осуди лошата организација на големото финале во Лигата на шампионите уште на денот кога се одигра мечот меѓу Реал Мадрид и Ливерпул, за неколку месеци подоцна, познатиот весник од Франција да пренесе дека двајца навивачи на англискиот великан си го одзеле животот поради непријатното дежа-ви кое го доживеале пред Сен Дени.

„Лекип“ открива дека двајца преживеани на трагедијата „Хилсборо“ се самоубиле како последица на непријатните моменти и повторување на сликите кои мислеле дека ги оставиле зад себе, кога француската полиција направи вистински хаос пред „Стад де Франс“ и остави илјадници навивачи на Ливерпул да чекаат во турканици пред портите.

Двајца повозрасни си го одзеле животот во периодот кој изминал, а тоа го потврдува и Питер Скарф, претседателот на ХССА (Алијанса за поддршка на преживеаните во Хилсборо).

– Не можам да дадам премногу детали за двете самоубиства бидејќи истрагата се уште е во тек, но можам да ви потврдам дека убиствата дојдоа една седмица по финалето, а второто дојде пред една неделла. Жртвите имаа 52 и 63 години и нема сомнеж дека посегнале по ваков чин како последица на финалето во Лигата на шампионите, кое ги потсети на траумата од 1989-та година, – изјавил претседателот на Алијансата.

Питер Скарф додава дека немилите сцени од Париз навистина влијаеле негативно врз повозрасните навивачи на Ливерпул кои ги преживеале сцените од Хилсборо, откривајќи дека Алијансата платила психолошки терапии за свои 11 члена кои биде дел од финалето во Париз.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни