Поврзете се со нас

Свет

„Два во еден“ во Глазгов: Шкотскиот шампион го сруши Реал (ВИДЕО)

Објавено

на

Екипата на Реал Мадрид претрпе пораз од Ренџерс од 2-1 на пријателскиот натпревар кој оваа вечер се одигра на „Ајброкс“ во Глазгов.

Домашниот тим се покажа како подобар, поконкретен тим и донесе победа на големо задоволство на навивачите. Четата на Џерард дојде до овој резултат со пресврт во второто полувреме и тоа со головите на Сакала во 55 и Итен во 77 минута.

Стрелец пак на погодокот за „кралевите“ беше бразилскиот интернационалец Родриго во 8 минута. Од оваа средба вреди да се издвои дека црвен картон на истата заработи Начо или поточно направи два жолти картони.

Од оние интересни пријателски средби вреди да се напомене дека Рома на Жозе Мурињо испука „петарда“ на пресметката со Дебрецин (5-2). За „волчицата“ погодија Мајорал, Пелегрини, Ѕаниоло и Един Џеко (2).

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни