Поврзете се со нас

Италија

„Два во еден“ на „Ренато Дал’Ара“: Милан загуби во Болоња по две децении (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: x.com/SerieA_EN

Екипата на Болоња славеше над Милан со 2-1 во заостанатиот меч од 9.коло во италијанската Серија А.

Ова беше важен меч за двете екипи особено за гостите кои сакаат пласман во Лигата на шампионите во наредната сезона, но „црвено-цените“ и покрај тоа што водеа по првото полувреме на крајот останаа со празни раце и направија чекор наназад во остварување на посакуваната цел.

Клубот од Милано го отвори резултатот во 43 минута со погодокот на португалскиот интернационалец Леао. Меѓутоа веќе на стартот на вториот дел домаќините се вратија во игра со голот на Кастро во 48 минута.

Овие 1-1 беа активни до 82 минута кога Ндоје се најде на вистинското место и ја спроведен топката во мрежата на „росонерите“ за 2-1 и големи три бода. Ова за Болоња е прво славје против Милан во својот дом по пауза од повеќе од две децении или поточно од 2002 година.

Сега избраниците на Италијано имаат 44 бода и се на 6 позиција, Милан со 41 е на 8 место.

Standings provided by Sofascore
Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни