Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Два страшни погодоци во првите 45 минути: Ремек-дело на Алварез и несекојдневна „бомба“ на Адејеми (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/Atleti

Првите полувремиња во Лигата на шампиони ни донесоа високо темпо и расположени стрелци уште од самиот старт, па така вечерва видовме голови на сите три натпревари кои се играат од 21:00 часот.

Очите главно се вперени кон големото мадридско дерби меѓу Реал и Атлетико, а токму од „Сантијаго Бернабеу“ ни пристигна еден од двата неверојатни погодоци во воведот од натпреварите.

Хулијан Алварез режираше ремек-дело откако самиот се избори за позиција по еден дуел со Камавинга, а обидот на Куртоа да ја одбрани топката го направи погодокот уште поспектакуларен.

Претходно, Реал Мадрид дојде до рано водство преку Родриго, но хајлајт во овие први 45 минути на „Бернабеу“ е блескавиот потег на Аргентинецот кој вреди да се погледне повеќе пати.

Покрај магијата на Алварез, вечерва неверојатен гол постигна и Адејеми, кој демонстрираше специфична техника и испорача несекојдневна „бомба“ по земја за водство на Борусија од 1:0.

„Милионерите“ водат против Лил со минимален резултат на полувреме, додека Арсенал има сигурно водство на гостувањето кај ПСВ со 1:3.

Ремек-делото на Алварез погледнете го ТУКА

Бомбата на Адејеми погледнете го ТУКА

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни