Поврзете се со нас

Шпанија

Два спектакуларни гола и „петарда“ на „Бернабеу“: Реал со шампионско издание до нова победа (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Реал Мадрид не престанува да импресионира дури и во моменти кога нема потреба да брка резултат, но тимот на Карло Анчелоти очигледно се научи да игра максимално агресивно и да победува во било какво сценарио.

Можеби некој тим ќе се опушти по прославена титула во домашното првенство и во пресрет на големото финале во Лигата на шампиони, но тоа дефинитивно не е случај со Реал кој денеска испорача „петарда“ во мрежата на Алавес.

Анчелоти излезе со максимално силен тим уште од стартот и Реал постигна два гола преку Белингам и Винисиус, но пред крајот на полувремето спектакуларен погодок постигна Валверде.

На пауза се замина со резултат 3:0, а во вториот дел Винисиус му одговори на својот соиграч со уште еден ремек-дел, пред конечните 5:0 да ги постави Арда Ѓулер.

Турчинот едвај собра 200 минути во шпанската Ла Лига, но ова беше дури четврти гол за него и има навистина импресивна статистика кога се головите во прашање.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни