Поврзете се со нас

Шпанија

Два проблеми го успоруваат потписот на Шчесни за Барселона

Објавено

на

foto:twitter.com/juventusfc

Војчех Шчесни е фаворит да ја засили Барселона по сериозната повреда на првиот голман Марк-Андре Тер Штеген, но полските и шпанските медиуми истакнуваат дека оваа операција нема да биде наједноставна за реализација.

Тренерот Ханси Флик го избрал Шчесни како свој фаворит за покривање на испразнетото место во првиот тим, а се очекуваше дека фактот што полскиот голман неодамна објави крај на кариерата ќе биде предност за експресен договор и негово реактивирање.

„Мундо Депортиво“ тврди дека има две причини поради кои пристигнувањето на Шчесни на „Камп Ноу“ нема да биде наједноставно, а една од нив е клаузулата во договорот за раскинување на соработката со Јувентус и според која голманот треба да исплати одредена отштета ако реши да потпише за друг клуб пред да измине одреден период.

Веројатно, Шчесни не планираше да се најде во ситуација да ја активира клаузулата, но ако таа навистина постои, сега ќе треба да преговара со Јувентус за евентуално поништување на истата.

Вториот проблем е што самиот голман инсистира да биде прв избор на Флик, односно не би дошол во Барселона за да седи на клупата и да му биде замена на Инаки Пења.

Шчесни прифатил едногодишен договор без големо финансиско оптеретување за клубот, но за да му стане соиграч на сонародникот Роберт Левандовски, првично ќе треба да бидат расчистени проблемите кои го оддалечуваат од Барселона.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни