Поврзете се со нас

Франција

Два пресврти и шест гола: ПСЖ го доби дербито со Монако во Франција (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: x.com/PSG_English

Фудбалерите на Пари Сен Жермен излегоа како победници во дерби пресметката со Монако која оваа вечер се одигра во Франција.

Супер интересно и возбудливо беше на соочувањето во малото кнежество, дуел со шест погодици и два пресврти. „Светците“ го добија првиот дел со 1-0, но домаќините го возвратија ударот и во првите 15 минути од второто полувреме го свртија резултатот и поведоа со 2-1.

Потоа одново дојдоа минутите за актуелнитде лидери на табелата, Дембеле даде два гола, реализираше и резервистот Рамош за 12. триумф во 16. лигашки меч и плус десет во однос на второпласираниот Олимпик Марсеј и вечерашниот противник.

Инаку ова беше натпревар кој исто беше одбележан од потешката повреда која ја заработи голманот Џанлуиџи Донарума.

Донарума доби копачка во лице од играч на Монако (ВИДЕО)

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни