Поврзете се со нас

Германија

Два позитивни тестови и во редовите на Борусија Менхенгладбах

Објавено

на

Германската Бундеслига се подготвува за реактивирање, а додека екипите се подготвуваат за враќање на терен, деновиве стана јасно дека неколку фудбалери и членови на првотимските екипажи имале позитивен тест на коронавирусот.

Последната вест се однесуваше на Борусија Менхенгладбах, во чии редови наводно позитивен тест имале еден фудбалер и еден физиотерапевт, за денеска да биде објавено дека фудбалерот направил втор тест кој бил негативен.

Според процедурата, неименуваниот фудбалер на Борусија ќе биде во изолација се додека не биде направен и трет тест, кој треба да ја потврди актуелната состојба.

Информацијата доаѓа десетина дена пред предвиденото рестартирање на шампионатот, а не е прва од ваков тип, откако три позитивни тестови имаше во редовите на Келн, а уште неколку и во редовите на второлигашите Динамо Дрезден и Ауе.

Германските власти ја истакнаа поддршката за враќање на натпреварите без присуство на публика, но позитивните тестови може да донесат нов пресврт и поинаква одлука наредниот период.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни