Поврзете се со нас

Лига на нации

Два политички транспаренти го прекинаа мечот меѓу Кипар и Косово (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/FootballKosovo

Косово бележи голем фудбалски напредок откако доби дозвола да се натпреварува во турнирите на ФИФА и УЕФА, а потврда за тоа добивме и на денешното гостување во Ларнака.

Натпреварот меѓу Кипар и Косово во второто коло во Лигата на нации беше одбележан од доминацијата на гостите кои славеа со 0:4, но и од непотребни политички транспаренти кои го натераа судијата да го прекине мечот.

При резултат 0:2 во првото полувреме, главниот судија побара прекин на случувањта на теренот поради два политички транспаренти на трибините, по што мораше да интервенира полицијата и да ги отстрани истите.

– Косово е Србија и Кипар е Грција, – пишуваше на банерите на една од трибините, нешто што сигурно ќе донесе и казна за Кипар како организатор на овој натпревар.

Што се однесува до спортскиот дел од мечот, Муричи постигна два гола во првиот дел и ја најави победата на Косово, а во вториот дел погодија уште Рахмани и Делова.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни