„Два од два“: Македонија ја надигра Романија во „Борис Трајковски“

Mkd-Romanija

Македонската кошаркарска сениорска репрезентација дојде до втората победа во претквалификациите за Европското првенство во 2021 година. По гостинскиот триумф над Косово вечерва избраниците над Јорданчо Давотков славеа над селекцијата на Романија со 90-76 во мечот кој се одигра во спортскиот центар  „Борис Трајковски“.

Нашите кошаркари подобар и поконретен ривал од противникот, прикажаа добра игра која беше доволна за да направиме уште еден исчекор кон нашата цел, пласман во следната фаза. Ние постепено ја градевме предноста од четвртина во четвртина со тоа што најдобрите минути ги имавме во вториот и третиот период кои ги добивме со 23-16 и 24-17.

Mkd-Romanija2

Пет македонски кошаркари беа двоцифрени со тоа што најефикасни беа Стојановски со 21 поен на кои придодаде 5 асистенции, 13 скокови, а 21 кош и 5 скокови даде Трајковски.

Mkd-Romanija1

На спротивната страна прво име беше Вотсон со 17 кошеви.

Следниот натпревар го играме во декември на домашен терен, а ривал ќе ни биде Косово.

Facebook Коментари