Поврзете се со нас

Лига на нации

Два мајсторски погодоци во Ереван донесоа историски успех за македонската репрезентација (Видео)

Објавено

на

Македонската фудаблска репрезентација одигра претпазливо и тактички перфектно во најголем дел од мечот против Ерменија, а во првиот момент кога почувствува пад и слабост кај домаќиниот, ладнокрвно зададе два удар и ги освои трите бода во Ереван.

Селекторот Благоја Милевски направи добри измени во вториот дел и тоа придонесе подобар проток на топката во последната третина, па во таква ситуација, видовме и два мајсторски погодоци за огромни три бода во Ереван.

Со погодоците на Бојан Миовски и Исник Алими, Македонија сега дојде на чекор од историски пласман во Лигата Б во Лигата на нации, но истовремено се избори и за историски успех во едни квалифиакции.

За првпат од нашето постоење, Македонија врза три победи во низа без да прими ниту еден гол, бидејќи покрај денешната победа против Ерменија, против истата селекција славевме пред еден месец на домашен терен (2:0), но и против Летонија во четвртокот (0:3).

Покрај мајсторските погодоци, во првото полувреме му беше поништен гол на Серафимов во сомнителни услови, но сето тоа паѓа во вода поради двете ремек-дела во вториот дел.

Голот на Миовски погледнете го ТУКА

Голот на Алими погледнете го ТУКА

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни