Поврзете се со нас

Европски првенства

Два дена пауза, па започнува драмата: Познати термините за осминафиналните дуели на ЕП

Објавено

на

На фудбалските фанови посебно тешко им паѓаат слободните денови на големите натпреварувања, а на ова Европско првенство следуваат такви два дена во четврток и петок.

Нокаут фазата започнува во сабота, кога на програмата се првите осминафинални средби, а ќе се играат во Амстердам и Лондон.

Програмата ќе ја отворат Велс и Данска од 18 часот во Амстердам, додека истиот ден од 21 часот, во Лондон ќе се сретнат Италија и Австрија.

Првото големо дерби се игра следниот ден, кога во 21 часот, во Севилја ќе се сретнат Белгија и Португалија. Единствена репрезентација која во оваа фаза ќе игра на домашен терен е Англија.

Распоред на осминафинални дуели на ЕП:
сабота 18:00 Велс-Чешка (Амстердам)
сабота 21:00 Италија-Австрија (Лондон)
недела 18:00 Холандија-Чешка (Будимпешта)
недела 21:00 Белгија-Португалија (Севилја)
понеделник 18:00 Хрватска-Шпанија (Копенхаген)
понеделник 21:00 Франција-Швајцарија (Букурешт)
вторник 18:00 Англија-Германија (Лондон)
вторник 21:00 Шведска-Украина (Глазгов)

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни