Поврзете се со нас

Олимписки игри

Дувњак по болната елиминација: Дома ме чекаат три деца

Објавено

на

Foto:instagram.com/domagojduvnjak88

Хрватска го доживеа првото големо разочарување под водство на Дагур Сигурдсон и вчера го заврши својот настап на Олимписките игри, завршувајќи на петто место од вкупно шест екипи во својата група.

Во дуелот да се биде-или не, Хрватите загубија од Шпанија и ги спакуваа куферите, а постојат големи шанси ова да биде и последниот меч во репрезентативната кариера за еден од најдобрите играчи во историјата на хрватскиот ракомет.

Капитенот Домагој Дувњак ја одработи својата последна Олимпијада, но со својата изјава најави дека може и целосно да ја препушти одговорноста на младите сили.

– Можевме многу повеќе од ова. Мое мислење е дека овој тим е добар. Затоа овој резултат го сметам за неуспех. Минимална цел беше четвртфинале, а ние не дојдовме до тоа. Тажен сум и разочаран, но животот оди понатаму. За овие момци ќе има уште многу шанси во иднина, за мене не. Ова беше моја последна Олимпијада. Доживеав многу работи на Олимписките игри, еве дочекав да испаднеме и во групи.

– Мора да седнеме и да донесеме одлуки со ладна глава. Завршивме петти од шест екипи и тоа не е убаво. Ми беше убаво со овој тим, со овие момци, но дома ме чекаат три деца. Мора со ладна глава да размислам што ќе правам понатаму, – изјавил Дувњак пред хрватските новинари.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни