Дувњак по триумфот на Хрватска: Никогаш не сум играл ваков натпревар

EHF EURO 2020 / Luka StanzlEHF EURO 2020 / Luka Stanzl

Хрватска и Норвешка одиграа незаборавно полуфинале на Европското ракометно првенство, а по две продолженија на крајот се радуваа избраниците на Лино Червар.

Домагој Дувњак одигра уште еден фантастичен натпревар за Хрватска, а по мечот и самиот беше импресиониран од мечот и успехот.

– Најпрво да им честитам на соиграчите и стручниот штаб за оваа епска борба. Никогаш во животот не сум одиграл ваков натпревар, покажавме хрватски карактер, продолживме да играме и кога имавме пад.

– Мислам дека победивме заслужено, не се ни сеќавам на половина од тоа што се случуваше во продолженијата, само го гледаш семафорот и се исклучуваш, – изјавил хрватскиот капитен.

Facebook Коментари