Поврзете се со нас

Светски првенства

Дувњак добил лоши вести, хрватскиот селектор повика докажано име како негова замена

Објавено

на

Foto:instagram.com/domagojduvnjak88

Домагој Дувњак требаше да биде лидер на хрватската ракометна репрезентација на актуелното Светско првенство, но се повреди уште на стартот на мундијалот и веројатно нема да може да се врати во тимот.

Искусниот Дувњак заработил повреда на листот на дуелот со Аргентина и информацијата е потврдена од страна на Хрватскиот ракометен сојуз, откако се добиени резултатите од деталните прегледи направени вчера. Тоа е најава за најлошо сценарио, односно дека 36-годишниот плејмејкер веќе го заврши настапот на последниот турнир во репрезентативната кариера.

Селекторот Дагур Сигурдсон веќе повикал замена и на репрезентацијата ќе и се приклучи искусниот Игор Карачиќ, кој беше дел од поширокиот состав, но не доби повик за настап на СП.

Карачиќ ќе биде на располагање од денеска и ќе се подготвува со своите колеги од националниот тим за клучниот меч против Египет, кој ќе одлучува и за првото место во групата и поените за следната рунда.

Хрватскиот ракометен сојуз засега избегна да го отпише Дувњак од актуелниот мундијал, па останува да се види дали ветеранот ќе дојде во ситуација да се врати на теренот за време на следните фази.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни