Душебаев: Македонија го доби елементот кој и недостасуваше

Photo Credit © HRS / Sasa Pahic SzaboPhoto Credit © HRS / Sasa Pahic Szabo

Натпреварот меѓу Македонија и Шпанија на Европското ракометно првенство носи многу емоции поради неколку причини. Една од нив е и фактот што нашиот селектор Раул Гонзалес и неговиот помошник се Шпанци, а интересно е што меѓу носителите на играта на противникот е и Алекс Душебаев.

Душебаев кој сезонава настапува за Кјелце не штеди комплименти за поранешниот тренер со кого освои европска титула како член на Вардар, а инаку е и поранешен помошник и близок пријател на неговиот татко Талант.

– Раул е тренер кој сака дијалог, знае како да му ја даде потребната самодоверба на секој играч и секогаш го одржува својот тим компактен. Тоа го прави голем тренер, според мене тој е еден од најдобрите во светот. Многу е методичен кога ги подготвува натпреварите, знае да ги насочи своите ракометари на клучните елементи за натпреварот и да ги посочи слабостите на противникот, – вели Душебаев.

– Македонските репрезентативци имаат неверојатна доверба во него, а тој им возвраќа со досегашните резултати. Раул е елементот кој ми се чини дека во минатото понекогаш и недостасуваше на македонската репрезентација и сега таа е многу поопасен противник, – смета Душебаев.

Натпреварот меѓу Македонија и Шпанија се игра од 20:30 часот во Вараждин.

Facebook Коментари