Лига на шампиони
Душебаев: Игравме со срце и заслужено ја победивме Барселона
За „Дерби“ од Келн,
Александар Табаковски
Екипата на Вардар во својот прв настап на завршните турнири во Лигата на шампионите ќе игра во финалето и тоа откако вечерва во драматичен меч ја доби Барселона со 26-25.
Голот вреден победа беше дело на Лука Циндриќ пред самиот истек на времето, но еден од најдобрите актери на теренот беше Алекс Душебаев со седум постигнати голови.
-Игравме со срце и заслуживме да ја победиме Барселона која е една од најдобрите екипи на светот. Нашата одбрана беше фантастична, знаевме дека ни е потребен Штербик денеска, сите бевме на ниво, а и во нападот добро фунциониравме и на крај тоа беше разликата, -истакна бекот.
Утре следи меч за титулата со ПСЖ, а Душебаев верува дека и покрај заморот ќе најдат сили да ја израдуваат Македонија и ја донесат европската титула.
-Сега од Барселона доаѓаме на ПСЖ која исто е една од најдобрите екипи на планетава. Ова е тоа што го посакуваме го добивме, сме во финале. Имаме помалку од 24 часа да се спремиме, мораме да се одмориме, да видиме видео снимки и да се подготвиме најдобро што можеме. Мораме да најдеме сили и утре да славиме, -дополни Алекс.
-
Светски првенства16 часа
Белами: Македонија е поинаков предизвик за нас
-
Шпанија22 часа
Жалбата на Барселона одбиена, Флик се сели на трибина
-
Шпанија11 часа
Димитриевски застана на голот на Валенсија во Примера, „лилјаците“ загубија на „Хосе Зорилја“ и паднаа на последното место (ВИДЕО)
-
Репрезентација13 часа
Гостински предизвици на почетокот и крајот на квалификациите: Познат распоредот на македонската репрезентација на патот до СП (ФОТО)
-
Шпанија16 часа
Пике откри кој му омилен играч од Барселона и посочи два клуба кои најмногу ги почитува
-
Англија22 часа
Манчестер Сити објави рекордни приходи во историјата на Премиер лигата
-
Свет18 часа
Белгија првпат немаше селектор на ждрепката за СП, медиумите ја открија причината за отсуството на Тедеско
-
Репрезентација21 час
Милевски за противниците во квалификациите за СП: Ждрепката во Цирих носи надеж за добар пласман