Поврзете се со нас

Европски првенства

Душабаев по потопот од Хрватска: Ништо не можевме да направиме, не паметам ваков ден

Објавено

на

Шпанија беше разбиена од селекцијата на Хрватска со 39:29 во првата средба на 16. Европско првенство.

Шпанците важеа за фаворити на хартија, но на теренот беа надиграни низ текот на сите 60 минути и претрпеа исторски пораз со оглед на тоа што истиот е најтежок за оваа репрезентација кога се во прашање ваквите турнир на стариот континент.

-Хрватска беше подобра во се, не паметам ваков наш ден. Не можевме ништо да направиме. Арената беше како да играме во Хрватска. Сега треба да ги опуштиме главите и да продолжиме, да го добиеме следниот, па што треба да биде, ќе биде. Ова е само почеток на ЕП. Не е добро за нас, но не се откажуваме, -порача некогашниот член на Вардар, Алекс Душебаев.

Следната средба за „црвената фурија“ е против Романија која пак во првата рунда од оваа група загуби од Австрија.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни