Поврзете се со нас

НБА

Дурент за преселбата на Дончиќ во Лејкерс: Ова е навистина лудо!

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/Suns

Кевин Дурент не ја криел шокираноста од размената на Далас и Л.А Лејкерс, според која Лука Дончиќ се сели во Калифорнија заедно со уште двајца соиграчи, додека Ентони Дејвис ќе биде нов член на составот од Тексас.

Феникс играше натпревар во НБА лигата во моментите кога медиумите ја објавија информацијата за размената и реагираше природно уште додека ја дозна веста на клупата на „сонцата“, а по натпреварот коментирал што мисли за целата ситуација.

– Ова е лудо, навистина лудо!

– Сигурно е најважна размена не откако сум во НБА, туку откако ја следам лигата.

– Сега сите клубови ќе бидат посамоуверени и можат да одлучат да ги разменат и најголемите ѕвезди ако работите не одат како што посакуваат, – рекол Дурент.

Медиумите претходно ја пренесоа зачуденоста на Дурент и неговиот соиграч Бредли Бил, во моментите кога првпат дознаа за трејдот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни