Поврзете се со нас

НБА

Дурент за Милвоки: Тие создаваат династија

Објавено

на

Составот на Милвоки Бакс е новиот шампион во НБА лигата и тоа откако во финалната серија со голем пресврт славеше над Феникс Санс со 4-2.

Ова за Бакси е втора титула во својата историја, прва по 50 години што секако донесе огромна радост за навивачите. Со ваквиот резултат Јанис Адетокумбо, Крис Мидлтон и останатите заокружија една успешна приказна со оглед на тоа што Милвоки во последните години беше една од најдобрите екипи во лигата.

Имено клубот од Висконсин беше број еден на Истокот во сезоните 2018/2019 и 2019/2020 за да во плејофот стигне до финалето и полуфиналето на конференцијата. Оваа кампања пак Бакс не притискаше премногу во регуларниот дел и заврши на третата позиција за да во разигруавњето ги добие Мајами, Бруклин, Атланта за да на крајот слави и над Санс.

Сето ова според Кевин Дурент е доволно да се каже дека „елените“ почнуваат да градат династија.

-Милвоки формира своевидна династија со овој тим. Знам дека ова е прва ситуација за да веќе може да се нарече династија, но континуитетот на овој тим е нешто импресивно. Тие продолжуваат да се развиваат и еве сега се шампиони, мора тоа да го цениме, -истакна Кеј Ди.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни