Поврзете се со нас

НБА

Дурент влезе во Топ 10 на најдобри стрелци во историјата на НБА, доби честитка и од рекордерот

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/Suns

Феникс доживеа пораз од шампионот Денвер, но Кевин Дурент повторно беше еден од најдобрите поединци на теренот, завршувајќи го дуелот со 30 постигнати поени.

И покрај негативниот резултат за екипата, Дурент ќе ја памети оваа вечер поради своето индивидуално постигнување, односно влегувањето во Топ 10 на најдобри реализатори во историјата на НБА лигата.

Уште во првото полувреме на пресметката со Денвер, Кеј-Ди го надмина Моузес Мелоун и на крајот стигна до вкупно 27.423 поени, кои секако ќе растат веќе на следниот дуел.

Следен на листата е Кармело Ентони, кој го држи деветтото место со 28.289 поени, а би бил достижен за Дурент до крајот на актуелната сезона.

Во Топ 10 натаму се Шекил О’Нил, Вилт Чембрлен, Дирк Новицки, Мајкл Џордан, Коби Брајант, Карим Абдул-Џабар и ЛеБрон Џејмс.

Првата ѕвезда на Л.А Лејкерс е единствениот активен играч кој и натаму го подобрува својот ефект, а засега е прв со 39.124 поени. Токму ЛеБрон беше еден од првите кои му го честитаа ова достигнување на Дурент.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни