Поврзете се со нас

НБА

Дурент: Уште еднаш се потврди, секој почеток е тежок

Објавено

на

blank

Најновата ѕвездена тројка во НБА лигата, Кевин Дурент, Кајри Ирвинг и Џејмс Харден го имаа првиот заеднички настап во дресот на Бруклин Нетс, но истиот не заврши со позитивен резултат, поточно по голема драма со две продолженија загубија од Кливленд Кавалирс со 147:135.

Дурент, Ирвинг и Харден заедно уфрлија 96 поени, 24 скокови и 23 асистенции, меѓутоа тоа не се покажа како доволно за продолжување на победничката серија.

-Одлично се чувствував. Ми се чинеше дека сме една силна целина. Претпоставував дека ќе биде забавно. Иако на крајот се потврди дека секој почеток е тежок, затоа што повторно имавме подеми и падови, сепак јас останувам оптимист, -порача Кеј Ди.

Бруклин со учинок 9-7 е на 5 место на Истокот, следниот меч исто го игра на гостински терен во Охајо против Кливленд.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни