НБА
Дурент со директен предлог по случувањата во Сан Франциско: Откажете го Ол-стар викендот (Фото)

Новиот формат на Ол-старот не наиде на одобрување и експресно подлегна на жестоки критики во јавноста, не само од актуелните ѕвезди, туку и од поранешните експерти и редовните НБА фанови.
Со цел да се разбуди конкурентниот дух, НБА реши да има три Ол-стар натпревари во една вечер пред да се дознае победникот, а премиерната сезона со новиот формат не донесе ништо нова кога се критиките во прашање.
Дрејмонд Грин беше посебно брутален и стана вирален откако ја оцени новата идеја со „нула“, па во екот на големи критики во јавноста, со свој став се јави и Кевин Дурент.
– Мислам дека стана позабавно да се критикува НБА, отколку да се гледа НБА. Стана лудо, но најдобро е да се откаже Ол-стар викендот и да им се даде пауза на сите во ситуација кога станавме мизерни на оваа тема.
– Поентата ми е следна: Навивачите веќе критикуваат се околу Ол-старот, веќе ништо не ги задоволува фановите. Тие уживаат само во плејофот, кога е време за трејдови и трансфери и кога играчите влегуваат во клинч на теренот, – анализира Дурент.
I think it’s more fun to complain about the nba than to actually watch it. Crazy, cancel all star weekend and let’s just give everybody a break since we’re so miserable around this time…
— Kevin Durant (@KDTrey5) February 17, 2025
-
Свет20 часа
Атрактивен гол на ветеранот: Мајсторијата на Меси го најави пресвртот на Интер Мајами (ВИДЕО)
-
Шпанија21 час
Симеоне за неверојатниот пресврт на Барселона: Направив грешка со една измена
-
Англија14 часа
Ова никогаш не му се случило: Салах со негативен рекорд во поразот од Њукасл
-
Балкан8 часа
Панчев воспоставил конекции за остварување на голема цел: Хуманитарни натпревари меѓу Вардар-Звезда и Македонија-Србија
-
Италија21 час
Мота: Оставка? Тоа е премногу лесно…
-
Италија19 часа
Гасперини: Судијата го уништи натпреварот со Интер
-
Англија18 часа
Постекоглу влезе во конфликт со навивач на Тотенхем, Тел мораше да ја смирува ситуацијата (ВИДЕО)
-
Свет18 часа
Рамос шутна противнички играч и заработи директен црвен картон (ВИДЕО)