Поврзете се со нас

НБА

Дурент отвори дебата, Леброн одговори и ги избра високите момци од минатото кои би доминирале во модерната ера (ФОТО)

Објавено

на

Кевин Дурент и Леброн Џејмс многу порано од очекувањата ја завршија оваа сезона во НБА лигата, па сега имаат поголем простор, време за одмор, тренинг, но и некоја дебата на социјалните мрежи.

Имено ѕвездата на Бруклин Нетс го искористи својот профил на Твитер за да постави едно интересно прашања за тоа кои високи момци од последната деценија на минатиот век би биле кандидати за МВП во оваа модерна ера.

Последниве неколку години признанието за најкориски играчи завршува токму кај центри, па така прво го имавме Јанис Адетокумбо за да сега две сезоно во низа главен биде Никола Јокиќ.

-Јас ги имам Пет Јуинг, Шек (О’Нил) и Дејвид Робинсон, -напиша Кеј Ди.

Имаше доста одговори, коментари, група во која беше и Џејмс.

-Шек, Дрим (Хаким Олајџувон) и Адмиралот (Дејвид Робинсон), -напиша Џејмс.


Таткото на плејмејкерот на Атланта Хокс, Тре Јанг издвои само едно име Хаким Олајџувон.

-Хаким…тоа е се,-порача Реј.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни