Поврзете се со нас

НБА

Дурент нема да го испоти дресот на Бруклин во оваа сезона

Објавено

на

И додека се уште се чекаат позитивни вести околу НБА лигата и продолжувањето на сезоната токму од најсилниот шампионат на светот ни доаѓа информација поврзана со еден од најдобрите играчи Кевин Дурент.

Дурент од оваа сезона е член на Бруклин Нетс, но поради тешката повреда на ахиловата тетива со која се здоби на минатото НБА финале беше повеќе од јасно дека целата оваа кампања ќе ја пропушти. Ама со оглед на пандемијата со коронавирусот и фактот што НБА ќе мора да се доигра во други термини се појавија информации дека Кеј-Ди би можел да заигра во актуелнава кампања ако за истата се даде зелено светло да се продолжи.

Генералниот менаџер на Нетс, Шон Маркс не ја отфрли таа можност, но сега новинарот Адријан Војноровски кој секогаш има точно и прецизни информации пренесе дека Дурент сигурност нема да заигра.

Клубот не сака да ризикува со големата ѕвезда, па така тој ќе мора да ја почека натпреварувачката 2020/2021.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни