Поврзете се со нас

НБА

Дурент ќе го пропушти ол-стар викендот, позната и неговата замена во редовите на Истокот

Објавено

на

blank

Кевин Дурент ќе го пропушти Ол-стар викендот во Атланта, а неговиот клуб ја потврди принудната пауза поради проблем на левата нога.

Членот на Бруклин Нетс ќе го искористи периодот околу Ол-старот за подобра рехабилитација и во обид да биде максимално подготвен за следниот дел од НБА сезоната.

Поради истата причина, Дурент ги пропушти последните шест натпревари на Нетс, а тренерот Стив Неш потврдил дека му е потребен подолг период за рехабилитација од она што првично беше најавено.

Според „ЕСПН“, местото на Дурент во ол-стар тимот на западната конференција ќе го заземе Домантас Сабонис од Индијана.

Ол-стар викендот и паузата околу него ќе траат од 5 до 10 март.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни