Поврзете се со нас

НБА

Дурент испиша нова страница од историјата, Милвоки преку голема драма до финалето на Истокот (ВИДЕО)

Објавено

на

Кошаркарите на Милвоки Бакс излегоа како победници од мајсторката против Бруклин Нетс и ќе играат во финалето на источната конференција.

Седмата решавачка битка која се одигра во Бруклин донесе многу неизвесност, драма, 10 израмнувања на резултато, 20 промени на водството и дополнителни пет минути за да се реши победникот за конечни на крајот 115-111.

Дуелот го решаваа ситни детали кои овојпат беа на страната Милвоки кој ќе игра за пехарот на Истокот со подобриот од дуелот меѓу Филаделфија и Атланта Хокс.

Комплетната стартна петорка беше двоцифрена кај победникот, лидер беше Адетокумбо со 40 поени на кои додаде 13 скокови, Мидлтон уфрли 23 со 10 скокови, Лопез беше автор на 19, Такер на 11, а Холидеј на 13 кошеви.

Кај поразените неверојатен беше Дурент со 48 поени со што испиша нова историја, стана играч со најмногу дадени кошеви на седми плејоф меч во НБА. Харден реализираше 22, додека Грифин застана на дабл-дабл од 17 поени и 11 скокови.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни