Поврзете се со нас

Олимписки игри

Дурент е прогласен за МВП, ова е најдобрата петорка на ОИ во Токио (ФОТО)

Објавено

на

Кошаркарскиот турнир на Летните Олимписки Игри во Токио заврши со очекуван резултат, победа на првиот фаворит за златото-селекцијата на Соединетите Американски Држави.

Американците лошо го започнаа турнирот и загубија од Франција, но потоа се беше поинаку, тие се соземаа, играа се подобро и подобро како што одминуваше времето и дојдоа до првото место и тоа токму во битката со „триколорите“.

Најдобар поединец беше Кевин Дурент кој заслужено беше и прогласен за МВП на турнирот во Јапонија. Кеј-Ди беше вистински лидер на „дрим-тимот“ и во просек реализираше по 20,7 поени, 5,3 скокови и 3,7 асистенции.

Освен ѕвездата на Бруклин Нетс во најдобрата петорка во Токио имаше место за бековите на Шпанија и Австралија, Рики Рубио и Пети Милс, тука секако е Лука Дончиќ од Словенија како и францускиот центар Руди Гобер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни