Поврзете се со нас

НБА

Дурант немаше милост кон Голден Стејт, но имаше пријателска средба со Кари (Видео)

Објавено

на

Кевин Дурант првпат се врати во домот на Голден Стејт како противник откако стави крај на својата етапа во Сан Франциско, но мора да се напомене дека не беше премногу пријателски настроен кога е во прашање неговиот поранешен тим на теренот, иако беше максимално коректен по средбата.

Бруклин кој е сочинет од пеколно трио во кое уште се Кајри Ирвинг и Џејмс Харден беше пресилен за Голден Стејт, каде единствено расположен беше само Стеф Кари кој всушност беше и најефикасен на паркетот.

Во поразот од 117:134, Кари постигна 27 поени, но ударното трио на Бруклин постигна 62 поени и беше јасно дека Бруклин е далеку посериозен состав како тим.

Ирвинг со 23 поени беше најдобар поентер во Бруклин, Дурант постигна три помалку, а „брадата“ Харден уфрли 19. По крајот на мечот, беше убаво да се види како Дурант се поздравува со своите поранешни тренери и соиграчи, а секако во прв план се најде неговата прегратка со Кари.


Останати НБА резултати:

Феникс – Филаделфија 120:111
Атланта – Индијана 113:125
Њујорк – Хјустон 121:99
Јута – Мајами 112:94

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни