Дурант е решен да го зголеми контото: Сака да ја поправи грешката, не игра за малку пари

durent

„ЕСПН”, како по обичај секогаш ги има првите информации од НБА лигата, па така и сега излезе со информација дека кошаркарот на екипата на Голден Стејт Вориорс, 29-годишниот Кевин Дурант е решен да потпише нов договор со уште посилни финансиски услови.

Познато е дека тој минатата година потпиша договор за многу помала заработувачка, во однос на тоа што можеше да ја добие од неговиот поранешен тим за кој настапуваше во Оклахома Сити Тандер. Дурант лани потпиша договор на две години за сума од 52 милиони долари.

Но, сега е решен да ја поправи грешката и да ја зголеми цифрата на новиот договор, а со тоа и на неговото конто. Дурент изминатава сезона постигнуваше во просек по околу 27 поени, 7 скокови и 5 асистенции по натпревар во регуларниот дел од НБА лигата. Тој во НБА лигата влезе како 2 пик и беше драфтуван играч од страна на Сиетл Суперсоникс, кој веднаш потоа во трампа го испратија во  Оклахома Сити Тандер.

Facebook Коментари