Поврзете се со нас

Свет

Дуран „поздрави“ противнички играч и доби црвен картон, Роналдо збесна и ја шутна топката на трибини (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:x.com/AlNassrFC_EN

Ал Наср двапати водеше на денешниот меч против Ал-Етифак во лигашкиот меч во Саудиска Арабија, но на крајот претрпе болен пораз од 3-2 со што направи уште еден чекор наназад во борбата за титулата.

Голема беше нервозата кај домаќините во самата завршница, па така зимското засилување Џон Дуран за еден „поздрав“ на противнички фудбалер беше санкциониран со директен црвен картон, одлука која Кристијано Роналдо не ја прифати и ја шутна топката на трибини, потег за кој воопшто пак не беше санкциониран.

Инаку херој на гостите на овој меч беше некогашниот играч на Ливерпул, Џини Вајналдум кој постигна два гола во 55 и 89 минута.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни