Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Дуран го казни залетаниот Нојер, Астон Вила ја прекина историската серија на Баерн во ЛШ (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/AVFCOfficial

Астон Вила пишува своја нова фудбалска историја со Унаи Емери како менаџер, а тоа го видовме и вечерва во која тимот од Бирмингем победи еден од најголемите клубови во Европа.

Баерн Минхен не ги искористи своите шанси и не успеа да го пробие неверојатниот Дибу Мартинез, за потоа да гледа како се став крај на една неверојатна и историска серија во Лигата на шампиони.

Баварците 41 меч не знаеја за пораз во воведната фаза во најелитното натпреварување, но вечерва ја почувствуваа горчината за поразот на „Вила Парк“.

Џелат за гостите од Германија беше овосезонскиот „џокер“ на Унаи Емери, фантастичниот Џон Дуран кој го постигна својот шести гол во 300 минути игра.

Напаѓачот реагираше фантастично и го казни залетаниот Мануел Нојер, а моментот во 79-та минута се покажа како клучен за победа.

Оваа победа уште долго ќе се прераскажува во Бирмингем, не само поради победата, туку и поради фактот што Унаи Емери стана само вториот тренер по Жозе Мурињо кој запишал победи против Баерн со три различни тима (ПСЖ, Вилјареал и Астон Вила).

Голот погледнете го ТУКА

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни