Поврзете се со нас

Европски купови

Дупјачанец: Знаеме каде грешевме, мораме да се подобриме како тим.

Објавено

на

blank

Металург не успеа да направи изненадување и да слави над Тулуз во првата средба во Лига Европа.

Домашниот тим имаше контрола на играта, резултатот во најголемиот дел на натпреварот, а Металург правеше грешки кои дефиниитвно треба да се поправат, елиминираа во наредните натпревари.

Најпрво, би сакал да му честитам на Тулуз за победата, беа подобри од нас и одиграа подобро во одбраната. Се согласувам со мојот тренер дека ќе мораме да поработиме во одбраната. Промашивме многу напади, а бројот на направените фаули врз противничките ракометари во одбраната беше мал, па можеби тие се причините за поразот. Во групната фаза на оваа Лига Европа ќе мораме да се подобриме како тим. Ќе мораме да анализираме, да видиме каде погрешивме и да извлечеме поука како да ги намалиме тие грешки – истакна голманот Даниел Дупјачанец кој средбата во Франција ја заврши со 10 одбрани.

Реклама
Реклама
Реклама

Facebook

Популарни