Поврзете се со нас

Македонија

Дупјачанец спаси бод за Металург, Струга промаши пенал за победа (Видео)

Објавено

на

Двата натпревара од плејофот на македонската ракометна лига во машка конкуренција завршија без победник, а Струга и Бутел испуштија добри шанси да ги добијат дуелите во своја корист.

Струга и Охрид во локалното дерби одиграа со резултат 17:17, а домаќините не реализираа пенал со кој можеа да остварат и победа на оваа средба од плејофот.

Во скопската населба Бутел, истоимената екипа го пречека Металург и на крајот двете екипи ремизираа со резултат 23:23.

Најпрвин Металург не искористи напад за да дојде до предност, а на спротивната страна Бутел имаше зицер за победа, но Дупјачанец го одбрани ударот и спаси бод за Металург.

Хорват со 8 голови бил најефикасен кај гостите од „Автокоманда“, додека Јевтиќ ги предводел ракометарите на Бутел со 7 реализации.

Струга стигна до дури трето реми на шест натпревари и има 3 бодови, Металург има 5, Бутел е повисоко позициониран со 7, додека Охрид со второто реми засега е на 8 бодови. Лидер е Вардар со перфектен учинок и 18 бодови.

Во плеј-аут натпреварите, денеска победи остварија Јуниор КВ, Радовиш и Работнички.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни