Поврзете се со нас

Македонија

Дупјачанец потпиша нов договор со Металург, во Автокоманда се врати пикерот Петров

Објавено

на

Македонскиот ракометен прволигаш Металург продолжи да го гради тимот за наредната сезона, па официјално повлече уште два нови потези.

Имено искусниот голман Даниел Дупјачанец потпиша нов двегодишен договор со клубот од Автокоманда. Тој во минатава кампања беше еден од најдобрите поединци на екипата, а неговото знаење, квалитет ќе биде присутно и во наредните две сезони.

Од металург најавија дека клубот е во потрага по уште еден голман со оглед на тоа што Даниел Ѓорѓески се реши за интернационална кариера и потпиша за Будакалас.

Другата вест поврзана со поранешниот македонски првак е поврзана со Костадин Петров кој по три години се врати во старата средина. Во 2018 си замина од Скопје по што играше за Пелистер, шпанска Гвадалахара и во Сучеава од Романија.

Велешанецот исто потпиша двегодишен договор.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни