Поврзете се со нас

Мото ГП

Дупаскje почина од последиците од вчерашниот пад во квалификациите на Муџело

Објавено

на

Џејсон Дупаскje им подлегна на повредите заработени вчера за време на квалификациите за Мото 3 трката на патеката Муџело.

МотоГП организацијата ја потврди лошата вест од Фиренца, каде Швајцарецот се бореше за животот во болницата во која беше пренесен веднаш по инцидентот.

Натпреварувачкиот викенд во Италија ќе остане во сенка на големата трагедија, а лекарите не можеле да го спасат животот на Дупаскje, кој имаше тежок пад по судирот во квалификациите.

Младиот 19-годишен возач ја загуби контролата во свијокот 9 на легендарната патека и беше вмешан во застрашувачки инцидент со Сасаки и Алкоба, кои за среќа минаа без сериозни повреди.

Откако беше покажано црвено знаме за крај на сесијата, Дупаскje беше евакуиран со хеликоптер и експресно пренесен во најблискта болница во Фиренца.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни