Поврзете се со нас

Балкан

Дује Чоп ги шокираше Ристовски и Адеми, Динамо претрпе срамен пораз на „Максимир“ (Видео)

Објавено

на

Динамо Загреб порано го започна пролетниот дел од сезоната во првата хрватска фудбалска лига, но почетокот не можеше да биде полош за „модрите“ кои денеска беа понижени на домашен терен.

Во заостанатиот натпревар од 4-то коло, Динамо претрпе шокантен пораз од Локомотива со резултат 0:3, а за да биде болката уште поголема, трите гола ги постигна поранешен член на клубот од Загреб.

Дује Чоп беше посебно мотивиран против сините и ја најави победата на гостите со два гола уште во првите 7 минути, за на крај да го потврди триумфот со трет гол во 87-та.

Хет-трикот на напаѓачот ги откри сите лоши страни во играта на Динамо, па сега се поставува и прашањето дали тренерот Јакировиќ е вистински човек за великанот од престолнината.

Стефан Ристовски и Аријан Адеми беа стартери на оваа средба која заврши со бесни реакции од фановите на Динамо, со тоа што дефанзивецот го одигра цел меч, а играчот за врска беше повлечен во 77-та минута.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни