Поврзете се со нас

Шпанија

Дугари објасни зошто Погба е идеален играч за Реал Мадрид

Објавено

на

Пол Погба е име за кое постојано се говори, а кога е во прашање изминавата година, сезона најчесто се поставува прашање за неговата иднина во премиерлигашот Манчестер Јунајтед која дефинитивно е неизвесна.

Меѓутоа исто така е прашање каде Погба би можел да замине и притоа да биде исто платен како сега, но и да игра важна, клучна улога. Една од опциите која медиумите ја посочуваат е Реал Мадрид, опција која според поранешниот француски репрезентативец Кристоф Дугари е идеална за сите инволвирани страни.

-Сите можеме да видиме дека Реал малку напредува, развива. Тоа е тим кој има проблем да оди напред, да ги разбие дефанзивните линии, играчи кои ќе будат зад напаѓачите во казнениот простор. Погба може тоа да го стори. Тој е момче кое постигнува голови. За мене, тој е идеалниот играч кој може да му го даде на Реал  она што им недостасува.

-Тој имаше тешка година затоа што имаше многу повреди и неговиот тим не се покажа добро, но кога и да беше во можност да игра, брзо се враќаше на своето најдобро ниво, Знаејќи го Зизу, ако пред една година беше заљубен во Зизу, нема причина поради кое тоа би се променило за една година, -истакна Дугари кој играше со Зидан во француската репрезентација и во Бордо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни